ПЕНДАРОВСКИ Е ДЕТЕ НА УДБА И КОС: ,,Понављачот” бил со висока функција во МВР за време на kpиминалната транзиција и aтeнтaтoт на Глигоров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Васко Ефтов во своето последно издание на својата емисија ,,Во центар” изнесе низа на скандалозни податоци поврзани со таканаречениот консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски. Имено во вечерашното издание на ,,Во центар” гостуваше поранешниот социјалдемократ, Љупчо Палевски кој говореше за ,,удбашкото” минато на Пендаровски кој на почетокот од својата кариера бил високо позициониран во министерството за внатрешни работи. Според сознанијата на Евтов и Палевски, кандидатот на СДСМ потекнува од полициска фамилија, а за време на криминалната транзиција и aтeнтaтoт на Киро Глигоров тој бил носител на висока функција во МВР. За него Палевски искоментира дека е класичен ,,удбаш” .

-Татко му заедно со Силјан Аврамовски, денешниот заменик директор во УБК работат долго време заедно во управата за слушање во комунизмот. Силјан Аврамовски и татко му на Стево Пендаровски, вели Палевски.

Евтов пак додаде дека целата фамилија на кандидатот на СДСМ и ДУИ има полициска биографија.

-Целата фамилија на Стево Пендаровски си има полициска биографија, додаде Ефтов.

Палевски пак потенцираше дека неговиот татко имал висока позиција во МВР во време на Југославија, поточно во управата за прислушкување.

-Татко му е полицаец и тоа висок полицаец во управата за слушање. И детево порасна во МВР, забележува Палевски.

Прва пак висока функција која ја добил Пендаровски во МВР била шеф на кабинет на секретарот за јавна безбедност за време на кpиминaлнaта транзиција и неуспешниот aтeнтaт врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

-Од 93 до 98 година Стево Пендаровски нешто работел во МВР, бил шеф на кабинет на Диме Ѓурев. Нашата јавност веројатно има заборавено кој беше Диме Ѓурев. Тој беше на чело на јавна безбедност, 95 година кога се случува aтeнтaтoт врз Киро Глигоров. Значи Стево Пендаровски е шеф на кабинет на Диме Ѓурев. Беше ли вклучен Диме Ѓурев во таа трговија со нафта, санкции посочува Евтов.

За крај Палевски констатираше дека Стево Пендаровск е дете на УДБА и КОС.

-Па како не, не може да не биде вклучен кога е директорот на јавна, денеска е тоа БЈБ. Тогаш беше секретарско место, вели Палевски. Вака значи Стево е дете на УДБА и КОС од мал и семејно и денеска, меѓутоа нашата македонска трагедија е што токму тие кои се денеска и Американци, констатира Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This