ПЕНДАРОВСКИ Е САМО БЛЕДА КОПИЈА НА ЗАЕВ:Извршител на антидржавни политики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, човек што манипулира, лаже и навредува. На Република Македонија не и е потребен нов Заев како претседател. Република Македонија има потреба од честит човек со интегритет, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не сакаат да имаат кандидат за претседател кој ги нарекува стока. СДСМ го понижува народот, ако мисли дека граѓаните ќе гласаат за претседателски кандидат кој ги споредува со овци. Граѓаните не се неуки како што тоа СДСМ и Пендаровски мислат. Народот сака претседател кој ќе ги претставува нивните интереси и ќе работи согласно устав и закон. Стево Пендаровски е само бледа копија на Заев – извршител на антидржавни политики. Со Пендаровски како претседател би продолжило кршењето на уставот и девалвирањето на правната држава. Владеењето на правото ќе биде само мисловен поим, а поделбата помеѓу граѓаните ќе биде уште поголема од сега, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека Пендаровски е човек кој пропагира поделба, наспроти Гордана Силјановска Давкова која нуди сплотување и просперитет.

-Република Македонија нема потреба од нов Заев. Граѓаните ќе го поразат Стево Пендаровски и ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. Време е за промени. Граѓаните бараат подобро, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This