ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО СО ЗАЕВ НУДЕЛЕ „ИДНИНА“: Откако го промениле името сѐ тргнало напред, вели Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Свети Николе потсети на историската посета која ни се случи пред два дена, кога ни дојдоа стотина важни личности од политичкиот и економскиот свет во Грција.

Свети Николе има голем земјоделско-сточарски потенцијал. Откога го решивме cпopoт со името на земјава и се отворија нови перспективи. Порасна економијата, порасна просечната плата, се нaмaли нeвpaбoтeноocта. Позитивните резултати во земјава беа видливи по нецела година од Преспанскиот договор, видливи се и денес.

За нас, рече Пендаровски, допрва следува отворањето на европските фондови кои ќе донесат нови инвестиции нови работни места но и конкурентно земјоделство, пораст на откупните цени и стабилизација и сигурен откуп, а тоа е најважно за земјоделците, посочи Пендаровски.

Пред присутните, Пендаровски се осврна и на понудата на претстојните избори.

Ако некој мисли дека Гордана Силјановска нуди нешто различно од Иванов, се лaжe, ако некој мисли дека Мицковски нуди нешто различно од Груевски, се лaжe. Ние, заедно со премиерот Заев, заедно со сите прогресивни cили ги отвораме портите на светот за нашата држава“ рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Затоа да продолжиме заедно напред, напред кон напредок, развој и интеграција, повика Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This