Пендаровски за нaпaдите на Заев кон Инфомакс: Слободата на изразување е основно човеково право

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По отворениот напад на Зоран Заев кон Инфомакс на прес-конференцијата по завршувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, реакција пристигна и од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Од кабинетот на претседателот побаравме став за однесувањето на лидерот на СДСМ кон медиумските работници, од таму велат дека слободата на медиумите како и слободата на изразување се основни човекови права и одговорност на сите граѓани во едно демократско општество.

-Во однос на Вашето прашање, потсетуваме дека ставот на претседателот Пендаровски во однос на медиумските слободи е јавно искажан повеќе пати. Слободата на медиумите, како и слободата на изразување се основни права како и одговорност на сите граѓани и сите чинители во секое демократско општество.

Во прилог на одговорот беа содржани и низа изјави на Пендаровски во кои се осудува насилството и нападите врз новинари, што пак упатува дека Заев нема поддршка за ваквото негово недолично однесување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This