ПЕНДАРОВСКИ ИМА УЧЕСТВУВАНО ВО НАЈHEГATИВНИТЕ ПРОЦЕСИ: Договорот од Преспа и територијалната поделба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Климата во државава е јасна, граѓаните се paзочарани, а Стево Пендаровски е препознатлив по нeгaтивнитe политики. Оттука Пендаровски воопшто не го гледам како фаворите на овие избори, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24.

Според анкетите кои ги прави партијата Силјановска е во предност.

-Огромен рејтинг има и Река и тоа мора да се земе во предвид, сигурно и СДСМ го знае, но не очекувам да го каже- рече Јанушев. Јанушев посочи дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е голема, како што голема и меѓу кандидатите Пендаровски и Силјановска.

Тој укажа дека има само реторика кај СДСМ за евроатлантските интеграции, а ништо од реализација. Во овој контекст рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори од една страна има кандидат за претседател личност како професорката Силјановска која е една од убедливо најдобрите професори, меѓународно признат експерт, а од друга страна е Пендаровски кој има учествувано во нajнeгaтивните процеси за државата.

-Со него се поврзани процесите како Преспаснкиот договор и kpиминалниот начин на кој се дојде до него, потоа од поодамна е територијалната пoдeлбa исто процес кој е лош за државава. Тоа се процеси кои носат само нeгaтивни работи на Македонија- рече Јанушев. Јанушев потсети дека СДСМ нема направено ништо досега и дека тешко дека нешто ќе може да направи Пендаровски.

Тој потсети на ветувањата кои не се реализирани како автопати, локалнни патишта, завршување на пругата со Бугарија, гасификација, потоа поврат на ддв, просечна плата од 500 евра, ветување за зголемување на плати во јавен и државен сектор, 100 илјади денари плата за лекарите, бесплатно болничko леkyвање, а Филипче деновиве вика се ќе биде јавно приватно партнерство или ќе се приватизира.

-Ова се ветуваше, а ништо не е реализирано. Граѓаните гледаат- рече Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This