Пендаровски ќе дoдeли Opдeн зa зacлyги на Бигopcкиoт мaнacтиp

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска напладне ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1.000-годишнината од неговото основање.

Се очекува на свеченоста свое обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на манастирот Епископот г. Партениј.

На настанот ќе настапи и бигорскиот монашки хор.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Најубавиот украс во црквата и она по што е најпознат овој храм, е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во православието – иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката од село Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This