ПЕНДАРОВСКИ НАЈАВИ: Ако станам претседател ќе делам ордени на заслужни граѓани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски при денешната посета на Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип најави дека ќе иницира воведување орден „Киро Глигоров“.

Најави дека орденот, ако тој биде претседател, ќе се доделува на заслужни граѓани, кои, како што рече, дале голем придонес за миpот и бeзбeдноста на државата.

-Политиките на Глигоров се пример, показател колку е важно за една држава да го задржи вистинскиот правец на движење за нејзината иднина, вели Пендаровски.

Тој забележа дека неговата најголема гордост е што имал чест да го познава првиот претседател на независна и самостојна Македонија, Киро Глигоров.

-Исклучителен човек, политичар и државник. Неговата улога во осамостојувањето и меѓународно признавање на нашата држава е бесценето. Во услови, кога на територијата на бившите југословенски републики, војната беше на прагот, Глигоров изоде тежок и трнлив пат до конечно од федерацијата и мирно осамостојување на нашата држава, рече Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This