ПЕНДАРОВСКИ НАЈАВУВА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА, АКО НЕ СЕ СМЕНИ ИМЕТО: Дали Националниот координатор за НАТО ги пренесе заканувачките пораки од Алијансата?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пендаровски во последната своја колумна за порталот Мкд.мк најави поделба на Македонија доколку не успее референдумот за промена на името. Очигледно е дека целата Алијанса е во паника дека референдумот во Македонија нема да помине со оглед на тоа дека движењето #Бојкотирам зема се поголем замав во македонската јавност, па преку националниот координатор за НАТО, Пендаровски испраќа заканувачки пораки кон граѓаните.

Теоријата на Пендаровски околу можната поделба на Косово и размена на територија со Србија се почесто и почесто ја слушаме во јавноста, а започна да се шири откако се случи долго очекуваниот состанок на Трамп и Путин во Хелсинки. Според некои извори наводно во Хелсинки меѓу другите прашања се говорело за можна поделба на Косово помеѓу Србија и Косовската држава, како и за размена на територии. Пендаровски во својата колумна тврди дека колатерална штета и првата жртва од ваквиот чин ќе биде токму Македонија, поради албанскиот фактор чија бројка како што тој вели е значителна. Наводно според теоријата на координаторот албанскиот фактор во државата повторно ќе го постави прашањето за границите на Македонија.

Ова отвора нова низа на прашања, дали можеби тој знае нешто што граѓаните не знаат во врска со можна идна поделба на Македонија и какво тоа црно сценарио и се припрема на Македонија. Доколку го земе во предвид фактот дека Пендаровски е национален координатор за НАТО и е во постојани контакти со високи претставници на Алијансата слободно можеме да дојдеме до заклучок дека ова е закана упатена од највисоките ешалони на НАТО кон македонскиот народ. А логичен заклучок на сево ова е дека НАТО не ни е пријател, оној кој упатува закани, а не помош не е пријател.

Интересно е што во текот на вчерашниот ден истата закана кон македонскиот народ, речиси координирано ја упати советникот на Заев и претседател на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани.

– Албанците ќе бидат коректни во целиот процес, но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ, може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси, изјави Исмет Рамадани.

Албанците во Македонија повторно се активираа како на копче, во очи на референдумот со цел да извршат што е можно поголем притисок врз Македонците да излезат на гласање за промена на името, и повторно ги активираше истиот центар на моќ од 2001 година во моментов стациониран калето од име на НАТО. Но за среќа сега се други времиња во контекст на геополитичката сцена, светот повеќе не е едно поларен туку мултиполарен. Некој нов конфликт во Македонија нема да значи виткање на кичмата на македонски политичари кои ги донеле они преку барата пред барањата на Албанците, туку ќе значи нова Сирија за светот, што особено ќе значи катастрофа за оваа слаба и крефка речиси импотентна Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This