Пендаровски нема да го стави својот потпис на измените на Изборниот законик вака како што е предложен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламент ќе работи и утре, ќе работат за изборниот закон, Левица има 500 амандмани. Не може да заврши во еден ден освен ако не се прават деловнички трикови, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешниот брифинг за новинарите.

Ако биде усвоен во ваква форма како што е сега предложен законот за избори, Пендаровски нема да го потпише. Најголем проблем за Пендаровски е прагот од 2% од електорат што се бара во новото законско решение.

„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до 1%. Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Пендаровски не се согласува со менување на закони една недела пред пред прогласување на избори и нема да потпише таков закон, освен ако сите политички актери не се согласат дека треба да се донесе законот, вклучително и оние кои сакаат дури сега да се активираат за избори.

Опозицијата начелно се согласува со 2% праг, но тоа не е дефинирано додека нема согласност со невладините организации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This