ПЕНДАРОВСКИ: Неспорно е дека ќе добиеме датум во наредниов период

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски со неговиот тим соработници заминува во работна посета на Брисел, што е негова прва официјална посета по стапувањето на претседателската функција. Во интервју за Дојче веле ги споделува очекувањата од оваа посета, а ги презентира и неговите оценки околу најактуелното прашање – очекувањето на РСМ да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

-Граѓаните на нашата земја со право бараат интензивирање на економскиот раст, отворање на можности за младите да можат да ги искористат своите потенцијали дома, за да не емигрираат поради недостаток на можности во државата, и конечно, сите бараат ефикасни институции кои ќе бидат транспарентни и достапни за сите. Во овој момент, според мене, неспорно е дека ние ќе добиеме датум за почеток на преговори во наредниов период, прашањето е дали во нашиот поларизиран внатрешно-политички амбиент ќе биде целосно согледан фактот дека од наша страна работата е завршена, а евентуалното одлагање би се должело на прашања и процеси кои се надвор од нашето влијание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This