April 16, 2024, 10:59 pm

ПЕНДАРОВСКИ ОПТИМИСТ: Се надева дека гласачите на Река му да дале нивниот глас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Денешниот изборен ден во вториот изборен круг почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски и транспарентни избори, како што и прилега на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои остана адома во првиот круг или оние кои гласаа за пpoтивкандидатот Река, кој ја заврши својата изборна трка во првиот круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат“, изјави Пендаровски за медиумите откaко гласаше на избирачко место во Автокоманда.

Се надева дека најголемиот дел од тие гласачи ќе го препознаат концептот за кој се залагал во изминатиот месец во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат, како што рече, „да го поддржат концептот што значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Република Македонија, сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност”.

На новинарско прашање дали е оптимист околу излезноста, Пендаровски рече не гледа причина одѕивот да биде помал од 40 проценти.

Одговори дека иако е врнежливо, резултатите за истиот период од денот (10 часот) покажуваат ист процент на излезност како и во првиот круг пред две недели, а очекува помасовно гласање попладне, сообено во урбаните средини и во главниот град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This