April 20, 2024, 12:56 pm

ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДИ, НО ЈАС НЕ ЈА ИЗГУБИВ БИТКАТА, КАЖА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова кажа дека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски денеска победил, но дека таа како поединец и како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не ја изгубила битката. Таа им се заблагодари на граѓаните за 370-те илјади гласови, освоени во вториот круг и рече дека се чувствува чудно.

„Чудно се чувствувам. Неверојатно сум им благодарна на граѓаните за оваа ретка прилика, ме подмладија. Верувале или не, ама да добиете речиси 370 илјади гласови е голема благодарност, а згора и да станете позната по улиците како Гога. Тоа е нешто што мислам дека е ново во политиката во Македонија, а да не говорам дека за две недели да добиете 50 илјади, разговарајќи со различни групи луѓе е навистина голема инспирација за мене. Победи противкандидатот, но не мислам дека јас како поединец и јас како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката. Политиката во Македонија сè уште не е уметност, политиката овде сè уште е во рацете на политичарите. “, изјави Силјановска-Давкова во обраќањето од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

По преброени 99,57% од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има 434.096 (51,69) гласови, додека Гордана Силјановска-Давкова има 375.434 (44,70%).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This