April 26, 2024, 11:09 pm

ПЕНДАРОВСКИ: Промена на границите на Балканот е опacна идеја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со членовите на Комисијата за одбрана и безбеднocт од Собранието на Република Македонија.

На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според Претседателот треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбеднocта на државата.

Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене. На седницата на Советот за безбеднocт го поканив и лидерот на опозицијата. Така ќе правам и натаму, бидејќи одбраната и безбеднocта на државата не се ничија лична работа, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера и го истакна фактот дека се поддржани и од власта и од опозицијата.

На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во Република Македонија во доменот на одбраната и безбеднocта, како и за состојбата во регионот.

Претседателот Пендаровски ги информираше членовите на комисијата дека до сега 22 држави го завршија процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, додека кај преостанатите седум земји-членки нема политички пречки процесот да се заокружи.

Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше Претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековната работа на комисијата и за носењето на законите од безбеднocната сфера. Членовите на комисијата позитивно ја оценија можноста за средба со Претседателот на Република Македонија и ја нагласија неговата улога за надминување на поделбите во општеството. Претседателот Пендаровски посочи дека и во иднина редовно ќе се одржуваат заеднички координации и ќе има редовна комуникација со комисијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This