Пендаровски: Пpekројување на границите на Балканот нeма да придонесе за стабилизација на регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски за нон-пејперот што словенечкиот премиер Јанез Јанша го испрати до Брисел, во емисијата „Трилинг“ на 24ТВ изјави дека прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија.

-Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство, наведува Пендаровски, додавајќи дека никогаш со претседателот на Словенија Борут Пахор, не разговарал за прекројување на границите на Балканот.

За нон-пејперот, во кој се предлага менување на границите на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, во средата се огласи и Европската комисија. Оттаму велат дека позицијата на ЕУ е јасна и нема ништо што треба да се промени односно дека се работи на регионална соработка и помирување, а не на нови поделби.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша демантираше дека изработил таков документ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This