Пендаровски: Радев се држи до суштинските бугарски барања, не нѐ навредува и не мисли да ќарува само политички поени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на мониторинг од страна на ЕУ за почитување на договореното, нема да има нов договор со Бугарија, а земјава нема никаков проблем со тој мониторинг, изјави претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска по билатералната средба во Рим со неговиот италијански колега Серџо Матарела

За отворање посебно поглавје, кое би се однесувало на почитувањето на договореното, Пендаровски вели дека нема проблем со посебни поглавја, ниту со патокази и какви било други документи, но она за што е заинтересиран е нивната содржина, што пишува во нив.

Можам да констатирам од мојата средба со Радев и претходно другите контакти со него, неспорна е една работа, претседателот Радев зборува со сосема поинаква реторика од претходниците во бугарската Влада, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и се обидува да ја спушти топката и се обидува со културен речник да се обраќа. Тој се држи до суштинските бугарски барања, не не навредува, и тоа веќе кажува оти се работи за човек кој е сериозен, стабилен и не мисли да ќарува само политички поени со тоа што ќе навредува некој од соседите, рече шефот на државата Пендаровски.

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски изјави дека на средбата со неговиот италијански колега Серџо Матарела добиле целосна поддршка за нашите ЕУ интеграции и дека Италија ќе се заложи не само за Македонија, туку и за целиот регион на Западен Балкан, кој предолго чека во чекалната на европските интеграции.

До крајот на оваа година, по 20 години, како што најави Пендаровски, во земјава во официјална посета по осамостојувањето треба ќе дојде шефот на италијанската држава.

Италија е битна држава во ЕУ. Италија била една од најгласните адвокати за Балканот да биде интегриран во евроатлантските интеграции и значајно е што еден човек, кој е во својата седма година од мандатот и еден од најпочитуваните европски државници да ја посети нашата држава и на лице место да ни изрази поддршка за сите битни стратешки работи и за нас и за нив, нагласи Пендаровски.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This