ПЕНДАРОВСКИ СЕ СРЕТНА СО СЕЛА: На средбата разговарале за политичката состојба во Република Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Сел

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Села, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.

На средбата се разговараше за политичката состојба во Република Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи во пресрет на значајниот период за државата.

Претседателот Пендаровски повика на одговорен пристап на сите релевантни политички чинители во насока на исполнување на реформската агенда, а со цел напредок во европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Претседателот Пендаровски ја нагласи потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This