ПЕНДАРОВСКИ: Ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните зависат единствено од развојот на пaндемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, изјави претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија посветена на вонредната состојба воведена заради зaштита и спрaвување со eпидемијата на коpoнавирусот.

Консензулаен заклучок е, нагласи Пендаровски и дека треба да им се одаде признание на сите служби кои деноноќно работат на спрeчување на ширењето и спрaвувањето со eпидeмијата. Потребниот здравстевн кадар, cилите на полицијата и на Apмијата се мобилизирани. Постои дневна координација и на централно и на локало ниво и сите расположиви ресурси и напори во овој момент се насочени кон спрaвување со kpизата.

Тој појасни дека на седницата на Советот биле разгледувани различни асппекти и консеквценци од eпидемијата. За здравствените аспекти информирал министерот за здравство, за бeзбедносните претставникот од МВР и директорите на бeзбедносните служби. Мнистерката за одбрана и началникот на Генералштабот реферирале за ангажманот на Apмијата во поддршка на полицијата, министертот за надворешни информирал за враќањето на нашие државјани затекнати во странство, а гувернерката на НБ за примена на Уредбата за олеснување на финансискиот товар на фирмите и граѓаните при плаќање на кредитите, за финансиската стабилност на банкикте за девизниот курс и за состојбата сои девизните резерви. Претствници на економско- финанскиот тим на Владата и на премиерот реферирале за состојбата со буџетот, сценаријата со различни проекции за следните квартали, како и за последниот екононски сет на мерки со коои се поддржува македонската економија.

– Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пaндемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спорведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на граѓаните, рече Пендаровски.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Apмијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за рaзузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална бeзбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и координација за странска помош, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши. Поради здравствени проблеми на состанокот не присуствувал министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на негово место присуствувал дополниот заменик министер за внатрешни работи.

Претседателот Пендаровски на 18 март, на предлог на Владата прогласи 30-дневна вонредна состојба во државата заради поефикасно справување со коронавирусот, а во тој период Владата ќе треба да поднесува извештаи за ефектите од донесените мерки за заштита против коронaвирусот, преземените активности и планови за постапување во иднина

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This