Пендаровски со детали за Процесот Брдо-Бриони: Претседателот на Македонија е пpoтив пpoмена на границите на Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски учествува на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија, на кој, како што напиша на својот Фејсбук со претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, разговараат за справувување со последиците од пандемијата и економско закрепнување на регионот на Западен Балкан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека најважно е да постои консензус дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба да работи заедно.

„Ние ги поддржавме намерите, желбите и претензиите на другите во Западен Балкан за отворање датум за преговори и визна либерализација“, објави Вучиќ, пренесува Танјуг.

Тој истакна дека има многу работи за лидерите не постигнале согласност, а едно прашање кое е клучно, вели тој, беше прашањето за промена на границите, за кое немаше договор.

Како што објасни, некои во регионот ја толкуваат промената на границите на два различни начина, како што сакаат, а Србија верува дека тие не треба да се менуваат надвор од правилата што ги воспоставија.

Србија секогаш се залагаше да не се менуваат границите признати од ОН, организација што е универзално тело и да не се однесува кон границите како што сака секоја земја според системот, еднаш промената е можна, утре не може.

За повеќе детали Инфомакс се обрати до кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски од каде побаравме информации за разговорите за размена на територии и директно прашавме дали се разговарало за менување на границите на Македонија.

Од кабинетот ни посочија дека на пленарната сесија не станало збор за размена на територии и промена на границите на Балканот, што сепак остава простор зад кулисите дел од лидерите да ги отвориле во буквална смисла „картите“ и да разговарале за размена на територии во неофицијалниот дел од „Процесот Брдо-Бриони“.

-На пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони што се одржува во Брдо кај Крањ, не стана збор за размена на територии и промена на границите на Балканот, велат од кабинетот на претседателот.

Инфомакс побара став од претседателот по однос на се погласните шпекулации за можна промена на границите на Балканот. Од таму ни одговорија дека претседателот Пендаровски гледа на размената на територии како штетна идеја и дека ставот на претседателот е дека границите се немеливи, а отворените прашања треба да се решаваат преку дијалог и на мирен начин.

-Претседателот Пендаровски беше меѓу првите лидери кој јавно и јасно кажа дека е против таа штетна идеја. Ставот на претседателот е неменливост на границите и потреба од дијалог за сите отворени прашања во духот на добрососедските односи и регионалната соработка, велат од претседателскиот кабинет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This