April 25, 2024, 10:56 am

ПЕНДАРОВСКИ СО ЧЕСТИТКИ ДО ТАМАРА: “ВЧЕРА НИ ЈА ДОНЕСОВТЕ ЕВРОВИЗИЈА ДОМА ВО МАКЕДОНИЈА„

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски упати честитка до Тамара Тодевска и нејзиниот тим по повод извонредниот пласман на Евровизија во Тел Авив, Израел.

Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници!
Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап.
#Proud #mkd 🇲🇰, напиша претседателот Стево Пендаровски.

Веднаш после завршувањето на овогодинешната Евровизија, во која Тамара Тодевска се пласира на осмото место, премиерот Заев и честиташе на социјалните мрежи.

– Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле волку горди! #Proud , напиша премиерот Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This