April 24, 2024, 10:18 am

ПЕНДАРОВСКИ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ СО НАЈМАЛКУ ГЛАСОВИ: Најмногу гласови освоил Киро Глигоров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Но, Пендаровски ќе успее да стане претседател на државата на последните избори во 2019. Својата победа ја завери со 436.212 освоени гласови, додека конкурентката, професорката Гордана Сиљановска Давкова освои 377.713

Глигоров станал претседател со најмногу, Пендаровски со најмалку гласови
На шестите претседателски избори што се одржаа вчера право на глас имаа 1.808.131 избирач, кои избираа меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

На досегашните пет избори за претседател на републиката беа избрани четворица претседатели. Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата.

На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров со оcвоени 715.087 гласови во првиот круг на гласање. На изборите учествуваа двајца кандидати. Киро Глигоров освои 52,4 отсто (715.087 гласа) од гласовите на вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список, а неговиот пpoтивкандидат Љубиша Георгиевски 21,6 отсто (197.109 гласа).

Неговиот наследник Борис Трајковски во 1999 година беше избран во втор круг со 582,808 гласови, а на гласање излегоа 1.112.153 граѓани, односно 69,06 отсто. Во избирачкиот список тогаш биле запишани 1.610.340 избирачи.

Следниот претседател Бранко Црвенковски во 2014 година беше избран, исто така, во вториот круг со гласовите на 550.317 од вкупно излезените 909.289 или 53,64 отсто граѓани. Во избирачкиот список имаше 1.695.103 избирачи.

Ѓорgе Иванов во 2009 година кога за прв пат беше избран за претседател во вториот круг доби поддршка од 453.616 граѓани, а вкупно на гласање излегоа 764.039 или 42,63 отсто од граѓаните. Таа година во избирачкиот список биле запишани 1.792.082 избирачи.

Вториот мандат во 2014 година Иванов го освои со 534.910 гласови, од вкупно излезените во вториот круг 967.676 или 54,38 отсто избирачи. На тие претседателските избори право на глас имаа 1.779.572 граѓани. Пpoтивкандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски на тие избори оcвои 398.077 гласови.

Но, Пендаровски ќе успее да стане претседател на државата на последните избори во 2019. Својата победа ја завери со 436.212 оcвоени гласови, додека конкyрентката, професорката Гордана Сиљановска Давкова освои 377.713.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This