Пендаровски ce cpeтнa co миниcтepкaтa зa нaдвopeшни paбoти нa Швeдcкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски во рамките на работната посета на Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со министерката за надворешни работи на земјата, Ан Линде.

Претседателот на средбата изразил очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан истакнувајќи дека случајот на Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

Во тој контекст Пендаровски истакнал и дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Двајцата соговорници на средбата разговарале за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Македонија и Кралството Шведска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This