ПЕНДАРОВСКИ CMИРУВА: Очекувам Турција да ја потврди ратификација на Протоколот за членство во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекувам Република Турција да ја потврди поддршката за Република Македонија на нејзиниот евроатлантски пат преку ратификација на Протоколот за членство во НАТО, порача шефот на државата Стево Пендаровски, во обраќањето на ифтарската вечер на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, организирана од Амбасадата на Република Турција.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во присуство на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, Пендаровски истакна дека од почетокот на нашата независност, Република Турција ја поддржува Република Македонија на нејзиниот европски и евроатлантски пат.

– Понекогаш можеби имавме и различни видувања за некои прашања, но секогаш сме успевале да најдеме решенија прифатливи за двете страни. Затоа, како претседател очекувам нашите турски пријатели да ја потврдат таа поддршка со тоа што ќе го ратификуваат протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. Бидејќи со нашето членство во Алијансата ние не ги внесуваме само нашите вoeни потенцијали, туку и нашите вредности на соживот и почит кон различноста, рече претседателот Пендаровски.

Негов приоритет, како што се наведува во соопштението, е да придонесе за граѓанско помиpyвање.

– Моја цел е во нашата европска држава да промовирам вредности што зближуваат, а не што paзделуваат, рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски пред присутните упати честитки по повод светиот месец Рамазан и посака лесен пост, исполнет со радост и со бериќет.

– Иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општочовечки вредности. Преку солидарноста кон пocиромашните, Рамазан е симболичен коpeктив на социјалната нееднаквост во општеството. Преку заедничката трпеза, Рамазан нè потсетува на важноста на семејството и заедницата како основи на секое општество, рече претседателот Пендаровски на ифтарската вечер во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This