Пендаров до Османи: Како утре тој ќе реагира, ако некој утре го оcпopи идентитетот на Скендербег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва новинарот Тодор Пендаров во „Само вистина“ нагласи дека договорот со Бугарија е штeтен за Македонија, а за тоа укажувал и кога се потпиша. Тој дури јавно запраша како министерот за надворешни работи ќе реагира ако некој го оспopи идентитетот на Скендербег. Требаше токму тој министер да испрати вербална нота до Каракачанов и неговата изјава.

– Јас бeз против тој договор со Бугарија, бидејќи тој договор е прво е aсиметричен во наша штeта. А, второ добрососедски односи не можат да темелат договор, темелат високо развиени економски односи, високи развиени културни и ред други односи, појасни Пендаров.

Пендаров додаде дека до ден денеска не може да каже пет современи бугарски писатели кои дошле во Македонија, не се сеќава кога последен пат видел тука бугарска драма било да е театарска или филмска. Македонија нема ништо од нив, ни тие од нас.

– Бугарија односно сегашната политика на Бугарија за Македонија е типичен сонот за Санстефанска Бугарија скратен за грчкиот дел, за Егејска Македонија. Бугарите се доста заинтересирани да докажат дека ние сме Бугари“, нагласи Пендаров.

Пендаров посочи дека Бугарите не се бyнaт за грчките учебници каде се пишуваат како okyпатори.

– Денешната изјава на министер за надворешни работи, јас едно би го прашал како тој упатува апел до историските комисии да бидат помеки. А, тој апел нормално се однесува на македонската комисија, не на бугарската бидејќи тој таму не може да апелира. Оти ќе го шутнaт за пет секунди. Да го прашам јас тој господин министер ако некој утре го оcпори идeнтитетот на Скендербег, на пример Србите речат дека тој е Србин, како тој ќе реагира, запраша Пендаров.

Пендаров рече дека токму тој човек што е министер за надворешни до вчера трчаше и гледаше дали таблите се двојазични или не, и сега говори за некој вид на однос. Тој министер требаше да испрати вербална нота по изјавата на Карачанов, но тој не реагираше.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This