ПЕНЗИОНЕРИТЕ БЕСНИ: СДСМ ветуваше покачување, а тие добија пониски пензии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемувањето на пензиите се докажа како само уште едно од низата лажни ветувања на СДСМ. Партијата на Зоран Заев успеа да ги измами и највозрасните граѓани во Република Македонија- пензионерите.

Пред изборите СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, а потоа само продолжи со своите лаги. Пробаа со “извртена математика“, со менување на изјави, со погрешни пресметки и со манипулирање, но пензионерите ја прочитаа нивната игра.

Министерката Мила Царовска која мора да го реализира порамнувањето на пензиите, се обиде тоа да го претстави како покачување. Во обидот да ги излаже пензионерите, министерката поставена од Заев се заплетка и во математичките пресметки за тоа колку биле, а колку ќе бидат пензиите повисоки.

Пред да дојде СДСМ на власт, пензионерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година добиваа по 670 денари месечно покачување. На годишно ниво, пензионерите добиваа зголемување од над 8000 денари. Сега, наместо покачување, СДСМ на пензионерите им “протнува“ порамнување од само 180 денари месечно.

Пензионерите се изреволтирани и велат дека нема никакво покачување и висината на пензијата која што ја зеле минатиот месец нема никакво покачување.

 

-Немам покачување јас. Со 8.000 пензија сум. 23 години имам стаж, тогаш не избркаа во 2002 година од Нова Македонија, стажот не ни го плаќале, ништо не ни даваа. Чекавме до пензија, вели една од анкетираните пензионерки која додава:

-Ништо, нема ништо. Какво покачување, кој ти дава. Да е здрав и жив Груевски, имаше покачување, но овој гледа 1 отсто, што е тоа?

Друга пензионерка коментира дека нема никакво покачување на пензиите.

-Нема покачување. Дали ќе биде и тој 1 посто. Сега нема никакво покачување. Колку сум зела минатиот месец, толку сум зела и сега. Значи нема никакво покачување, вели таа.

Пензионери: Заев го укина покачувањето на пензиите!

Пензионерите го искажуваат револтот и на социјалните мрежи, покажувајќи дека нема да дозволат Заев и СДСМ да манипулираат со нив. Еве дел од нивните коментари:

-Ни ги намалија пензиите сега што останува да го укинат и бесплатниот превоз, бањите? Зарем не заслужуваме некаков подарок од државата кон нас старите лица? Дали за ваков живот зборуваа пред избори? Ветуваа брда и планини а не исполнија ништо.

-Заев го укина покачувањето на пензиите! Дали Заев има страв од нив, па затоа реши да ги заплаши?… Дали животов беше за Македонија или за некоја друга држава што не ја знаеме?

-Пензионерите се измамени!!! Заев лажеше дека ќе го подобри животот на пензионерите… Каде ќе одат нашите пари за кои сме работеле цел живот?

-Вака ли се грижи Заев за својот народ, за пензионерите?

300.000 пензионери на удар на СДСМ

300.000 пензионери на удар на економските политики на Владата. Од новата влада очекувале повеќе, бидејќи во предизборната кампања СДСМ ветуваше достоинствен живот за постарите граѓани. Со минатогодишните зголемувања на пензиите од 600-тини денари успевале да ги покријат трошоците за сметки, лекови и храна, сега стравуваат како ќе го поминат месецот.

Од Сојузот на здружението на пензионерите велат дека мора да се размислува за дополнително зголемување на пензиите, особено за 170.000 пензионери чии месечни примања се под просекот. Кај нив покачувањето за овој месец ќе биде помалку од 100 денари, вели претседателот Аргировски.

–Во овој случај, со најмала пензија 8.500 денари ќе земе само 80 денари, а ако земал 640 денари значи дека губи околу 500 денари. Значи со други зборови, треба да се размислува како да им помогнеме на тие што имаат помали пензии, вели Аргировски.

Во изминатите десет години, најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, скокна на 8.895 денари во декември 2016 година. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%.

Гочевски: СДС ги оштети македонските пензионери за 5.500 денари годишно

СДС ги оштети македонските пензионери за 5500 денари годишно. Да почитувани пензионери, СДС ве оштети за 5500 денари годишно,  пари кои истите ќе ги добиевте доколку се реализираше предвиденото покачување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со кое ќе добиевте 7600 денари годишно, со СДС добивате само 2160 денари, што е разлика од 5500 денари, вели Методија Гочевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС од нашите џебови зеде 5500 денари. Пари кои ќе ги имавме доколку СДС не беше на власт. Луѓето кој се збогатиле лесно во периодот на транзицијата неможат да разберат што значат овие пари за пензионерите. СДС никогаш не се грижело за доброто на граѓаните. Ветувања на брда и планини, а остварување на пустош и уништени човечки судбини. СДС расипнички располага со државната каса. СДС се расфрла со парите на граѓаните одвојувајќи милиони за набавка на мебел и секаков инвентар за министерските кабинети, вели Гочевски.

Тој додава дека Владата за само сто дена ја задолжи Република Македонија за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 170 милиони евра. Тоа се над 340  милиони евра за кои никој не знае каде завршија.

-СДС задолжи над 340 милиони евра, не отпочна ниту еден капитален проект, ги закочи постојните, не набави нова опрема за некоја болница или училиште, и притоа никој не знае на што се потрошени нашите пари, кои утре нашите деца треба да ги враќаат. 340 милиона евра задолжени, ништио не реализирано, а притоа ни пензиите не се покачени. Заради ваквото расипништво и негрижа граѓаните на претстојните локални избори 15 октомври ќе го казнат СДС, потенцираше Гочевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This