ПЕНЗИОНЕР ОГРАБЕН НЕПОЛНА МИНУТА ОТКАКО ЈА ПОДИГНАЛ ПЕНЗИЈАТА ОД БАНКА: Скопски пензионер остана без својата пензија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 03.09.2018 година во 12.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавил дека истиот ден во 11.15 часот на ул„Даме Груев“ непознато лице извршило тешка кражба над него.

Додека ги броел парите од пензијата, кои претходно ги извадил од банка, му се доближило лицето и се претставило дека е вработен во банката. Лицето побарало да му ги даде парите затоа што, наводно, благајничката погрешно му дала пари од трезорот и во тој момент од раката насилно му одзело 24.000 денари и побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This