April 26, 2024, 12:55 pm

Пенсилванија ja пpeкинa вepификaциjaтa нa избopнитe peзyлтaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп забележа мала победа во правната битка. Имено, во Пенсилванија беше наредено да се прекинат сите понатамошни изборни активности во врска со потврдувањето на резултатите од изборите во таа држава.

Судијката Патриша Мекалоф нареди прекинување на верификацијата на изборните резултати по барање на републиканците.

Овој успех, иако далеку од можноста за поништување на предвидената победа на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, ги одржува во живот тврдењата на Трамп за изборни манипулации, пренесува „Вашингтон тајмс“.

Трамп објави на Твитер дека одлуката на Пенсилванија е голема вест.

Адвокатскиот тим на Трамп наведува дека се спорни околу 670.000 гласови за кои тие бараат да бидат отфрлени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This