Пенс: Дoвepбaтa вo вakцинитe пpoтив Koвид-19 e вaжнa зa САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, се обидува да ја зајакне американската доверба во вакцините против „Ковид-19“, кои чекаат регулаторно одобрување и дистрибуција.

Пенс изјави денеска во главниот кампус на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) во Атланта дека Администрацијата за храна и лекови може да ги одобри првите вакцини во недела, на 14 декември, и дека првиот бран Американци може да се вакцинира во сите 50 Држави на САД во рок од 48 часа од тоа одобрување.

„Довербата е многу важна“, рече Пенс, додавајќи дека тоа ќе помогне во доволно Американци да ја примат вакцината и ќе се обезбеди максимална ефикасност.

Тој ги повика сите во јавниот живот да покажат доверба во процесот што доведе до вакцините да достигнат масовна дистрибуција.

„Одевме со рекордно темпо, но не прескокнавме ништо во ова. Ние сакаме да го увериме американскиот народ дека немало компромис за безбедноста или ефикасноста при развивање на оваа вакцина“, рече Пенс.

Тој ја даде изјавата еден ден откако поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш изјавија дека ќе бидат подготвени да ја примат вакцината на телевизија за да ја зголемат довербата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This