ПЕНТАГОН ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ: Најмалку шест ракети погодиле објекти во американската база, се подготвува соодветен одговор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пентагон соопшти дека ќе ги превземе сите „неопходни мерки“ во одбрана на американските трупи и регионални сојузници по Иранскиот напад врз американска база во Ирак, потврдувајќи дека повеќе од 24 балистички ракети паднале во базата Ал-Асад

„Иран лансираше повеќе балистички ракети против армијата на САД и коалициските сили во Ирак. Она што е јасно е дека овие балистички ракети се лансирани од Иран чија мета биле најмалку две ирачки бази во кои се наоѓаат трупи на САД и коалицијата“, стои во соопштението на Пентагон, додавајќи дека се уште се прават иницијалните проценки за предизвиканата штета.

Како што се евалуира ситуацијата, Пентагон соопштива дека ќе подготви и соодветен одговор и ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на американската војска, партнерите и сојузниците во регионот.

Нападот врз ирачката база Ал-Асад во која се сместени војници на САД се случи вечерва од Иранска територија како „одмазда“ за убиството на иранскиот генерал на исламската гарда Касам Сулејмани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This