ПЕНТАГОН ИМА СТРАТЕГИЈА ЗА СУДИР СО РУСИЈА И КИНА: Генералот Селва објасни како би изгледал судирот на САД против Русија и Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералот Пол Селва, заменик претседател на Заедничкиот одбор на началникот на генералштабот на Вооружените сили на САД, на собирот кој го организираше „Дифенс Рајтерс груп“, објасни како би изгледал воен удир против Русија и Кина

© AP Photo/ Jacquelyn Martin

„Секоја битка со Кина, доколку дојде до истата, ќе биде во голема мера поморска и воздушна“, го цитира „Дифенз Њуз“ генералот Селву.

Според неговите зборови, во можен конфликт со Русија би учествувале воздухопловството и војската на САД, а во почетната фаза, која подразбира распоредување на трупи во Европа, судирите помеѓу државите би можеле да се одвиаат и на море, бидејќи е невозможно да се „влезе во Русија“ без преминување преку Северниот Атлантик.

Селва нагласи дека, според Стратегијат за национална одбрана, Русија ја сметаат за „глобална закана“.

Тој додава дека Министерството за одбрана на САД развива „глобален план“ за Русија и Кина, но разјаснувањето на најверојатното сценарио на развојот на случувањата и прашањето за финансирање претставува сериозен предизвик за Министерството.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претходно Кина и Русија претставуваат предизвик за интересите, економијата и вредностите на САД.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This