Пентагон потврдува: Ocoмничените за aтeнтaтoт врз претседателот на Хаити обучyвaни во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешните колумбиски војници осомничени за атентат врз претседателот на Хаити се меѓу илјадниците војници од таа земја кои поминале американска воена обука.

Некои од поранешните колумбиски војници кои беа уапсени под сомнение дека учествувале во атентатот врз претседателот на Хаити учествувале во програма за обука на американската армија, велат од Пентагон.

Мал број приведени Колумбијци „учествуваа во американски воени програми за обука и едукација додека служеа како активни членови на колумбиската војска“, рече потполковник на воздухопловните сили Кенет Хофман, портпарол на Пентагон.

Полковник Хофман рече дека оваа информација е откриена во базата на податоци за обуки. Тој изјави дека истрагата е во тек и дека не може да даде дополнителни детали, пренесува „Волстрит журнал“.

Американската армија обучи илјадници колумбиски војници во Колумбија и Соединетите Држави во програмата која трае повеќе шест децении. Во јуни, колумбиските војници отпатуваа на Форт Полк во Луизијана за да тренираат со нивните американски колеги, соопшти американската војска.

Колумбија е главниот стратешки сојузник на Вашингтон во регионот, примајќи милијарди американска помош од 2000 година, од кои повеќето беа наменети за нејзините воени и полициски сили да ги совладаат герилците кои ја контролираа територијата до пред неколку години Колумбиската воена разузнавачка служба што работи со опрема, обука и друга помош на САД и е клучна во операциите што ги неутрализираа шверцерите со дрога.

Властите на Хаити соопштија дека најмалку 18 Колумбијци, некои од нив и поранешни припадници на армијата се уапсени за вмешаност во атентатот врз претседателот Jоел Моиз на 7 јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This