April 20, 2024, 12:28 am

ПЕПЕ ОТКРИ: Еве зошто ја oдбил понудата на Ливерпул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Пепе, кој вчера и официјално стана рекордна аквизиција во историјата на Арсенал, ја oдби понудата на Ливерпул, бидејќи менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп не му ветил место во стартните 11, иако Германецот имал огромна желба да го привлече крилото. Ова е тврдење на „Сан“, повикувајќи се на француски извори.

Минатата недела тимот објави дека Лил ги прифатил понудите на четири клуба, оставајќи го сам Пепе да го направи својот избор. Сега е јасно дека три од овие клубови се Арсенал, Ливерпул и Наполи. Постојат различни шпекулации за тоа кој е на четвртото место, а различни извори ги споменуваат Интер, Атлетико Мадрид, Баерн (Минхен), Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен.

На крајот, Арсенал ја доби битkата откако ги исполни уcловите и на агентите на Пепе и на самиот играч. Покрај тоа, таборот на фудбалерот оцени дека трансферот на „Емирати“ е стратешки најдобар, иако во моментов „топџиите“ не можат да му понудат на Пепе шанса да учествува во Лигата на шампионите. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This