Пепиќ: Не ме разделувајте од ќерка ми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинетиот Мунир Пепиќ, кој денеска беше ос уден на 15 години затвор, за случајот „27 април“ побара од судот да не биде ставен во пpитвор, бидејќи како што рече не сака да биде одвоен од неговото семејство.

Тој рече дека е фамилијарен човек и дека семејството му е се.

-Моето најголемо задоволство е да седам дома со мојата ќерка во скутот. Барам да не одам во притвор се до одлуката на Апелација за овој случај, рече Пепиќ.

Да не биде одделен од семејството побара и об винетиот Оливер Радулов.

-Како фамилијарен човек семејството ми е најважно. Барам да не ме одвојувате од семејството, рече Радулов.

Поради своите семејства да не одат во притвор побараа и останатите обвините. Тие потсетија и дека под гаранција дека нема да бегаат веќе се дадени и нивните куќи, но и куќи на нивни пријатели, кои ниту на крај памет, како што рекоа, нема да ги остават на улица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This