ПЕРО, ПА ТИ СИ БИЛ ГЕНИЈАЛЕЦ: Шилегов откри „топла вода“ со ВИП кабините, кои беа промовирани пред пет години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов откри топла вода. Не е важно што сите со години претходно ја користеле водата. Битно е дека тој откри дека постои топла вода, па со тоа автоматски од денеска постои топла вода. Тие што сте ја користеле сте во заблуда – сте мислеле дека ја користите, пишува порталот Република.

Па така денеска Шилегов на својот фејсбук профил излезе со откритие – Не бил само Мерцедесот … ВИП кабините на жичарницата, кои не се за општа употреба.


Медиумите блиски до СДСМ потрчаа да објават дека Петре открил нешто што досега никој не знаел дека постои.

 


А Петре повторно се служи со лаги. ВИП кабините беа промовирани истиот ден кога беше пуштена жичницата на Водно во јуни 2011 година. Тогаш беше соопштено дека постојат две вип кабини за по четири луѓе, со бели кожени седишта.

-Жичарницата има 28 обични кабини, а во една кабина ќе можат да се превезат по осум патници. На кабините има монтирано опрема за носење на велосипед и ски-опрема. Освен тоа има две ВИП-кабини опремени со бели кожени седишта, радио, со место за шише шампањско и држачи за чаши. ВИП-гондолите нема да возат во редовни термини, туку само при најава на високи гости или пак за венчавки, беше соопштено тогаш од ЈСП.

 

 

Во медиумите уште тогаш беа објавени фотосесии од естрадни личности во вип кабините.

 

 

ЈСП имаше објавено и цена за изнајмување на ВИП кабината. Така што Петре, на лагата и се куси нозете. Подобро фати се сериозно да го сработиш она што го вети, наместо на „откриваш“ јавни работи. Да те потсетиме – скопјани се гушат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This