ПЕРСОНА НОН-ГРАТА И ЗОШТО НЕ: Дел од амбасадорите ги имаат прекршено сите меѓународни норми и правила – санцкии нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дипломатскиот кор кој во Македонија ги претставува државите на т.н. Запад, од осамостојувањето до ден денес се однесуваат како „распашана команда“ нешто што стана особено очигледно и вулгарно во последните две години

bejli

Почетокот на вештачки креираната криза во Македонија започна откако лидерот на опозицијата Зоран Заев се обиде преку уцени и закани до премиерот на Владата на Р.Македонија Никола Груесвски, да издејствува таканаречен „мек пуч“ кој предвидуваше мирно повлекување на легално избрана власт која ги застапува интересите на повеќе од половина милион граѓани кои сметаат дека опцијата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е подобра за земјата.

Груевски на овие закани одговори со јавно експонирање на намерата за нарушување на стабилноста во државата, јавно обелоденувајќи ја „шемата“ на Зоран Заев кој притоа како што zaev_verus_albansko_znameтогаш изјави Груевски на прес-конференцијата од Владата на Р.Македонија, е инструиран од одредени странски разузнавачки и дипломатски служби кои во лидерот на опозицијата гледаат поволен терен за искористување во проектот за уривање на Македонскиот поредок.

Не помина долго, стана јасно кој стои позади потезите на Заев и неговиот „непознаник“ Верушевски.

Редица на амбасадори, предводени од оној на САД Џес Бејли, кој пак претходно беше главен сценарист и режисер на насилните протести на Таксим во Турција, во народот популарно беа наречени „чадор“ кој по секоја цена има намера да го заштити и да му помогне на Зоран Заев во голата борба за власт. И тоа, не затоа што Заев е спосоебен политичар, или затоа што неговата партија има добри проекти од корист за граѓаните, туку поради тоа што центрите на моќ на т.н. Запад ќе имаат во рацете марионетска влада со која потоа ќе можат да ги влечат конците за сите нас. Сувереноста и независноста во тој случај би биле (во одредени случаи и сега се) имагинарна категорија.

Она што сите нас, граѓаните не мачи, и се прашуваме зошто досега не е направено и покрај тоа што јавна тајна е кој ги надминува дипломатските овластувања е прашањето „Зошто досега овие дипломати не добија демарш?“

За ваквата одлука, Р.Македонија има исклучителна оправданост согласно меѓународно право, но и согласно сите морални и етички прерогативи.

Виенска конвенција за дипломатски односи (Vienna Convention on Diplomatic Relations), потпишана во Виена на 18 април 1961 година (United Nations Treaty Series, vol. 500, p.95), влегла во сила на 24 април 1964 година, и со истата се регулираат правата и обврските на дипломатите.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Член 41
1.Не засегнувајќи ги нивните привилегии и имунитети, сите лица кои ги уживаат тие привилегии и имунитети, должни се да ги почитуваат законите и прописите на државата кај која се акредитирани. Тие се должни, исто така, да не се мешаат во внатрешните работи на таа држава.
2.Сите службени работи со државата кај која се акредитира, а кои државата која акредитира и ги доверува на мисијата, мора да се водат со министерството за надворешни работи на државата кај која се акредитира, или со негово посредување, или со некое министерство за кое ќе биде договорено.
3.Просториите на мисијата не смеат да бидат употребувани за цели кои не се во согласност со функциите на мисијата така како што се определени со оваа конвенција или со други правила на општото меѓународно право или со посебни спогодби кои се во сила меѓу државата која акредитира и државата кај која се акредитира.

[/kopa_block_quote]
Редица на амбасади и амбасадори ги имаат грубо прекршено сите ставки во членот 41 од Виенската конвенција. Најеклатантен пример е амбасадата на САД, а во последно време иамбсадите и амбасадорите на Италија, Шведска, Холандија.zaev_konzul
Речиси сите наведени странски претставници барем еднаш досега, непоканети се вмешувале во внатрената политика на земјата. Дали преку сугестии или финансирање на проекти на невладини организации кои притоа предизвикуваат тензии по одедени прашања.
Речиси никогаш, странските претставници од наведените амбасади разговорите и работата која им е доверена не ја завршувале согласно конвенцијата, во просториите на МНР. Јавна тајна е дека споменатите дипломати организираат тајни средби, се собираат во амбасадите, па дури ги повикуваат и државните функционери на преговори во простории кои се класифицирани како екстериторијални, одосно имот на меѓународна организација или земја која има свое претставништво.
przino-pregovori-1
На пример. Преговорите околу Пржинскиот договор, наместо соглсано Виенската конвенција да се водат во простории на МНР, тие беа водени во просториите на Амбасадорот на ЕУ во Македонија – тогаш Аиво Орав. Таму се преговараше, таму беше потпишан договорот, и таму се донесе одлука за судбината на земјата. Секако, согласно меѓунардните закони, нелегално, имајќи во предвид дека мисиите (дипломатите) работите доверени од МНР треба да ги решаваат во простории на МНР, а не во хациенди на амбасадори.
На крајот, апсолутно се јавни средбите на политичките лидери со амбасадорите на „чадорот“ кои наместо на соодветна локација, средбите ги одржуваат во просториите на нивните амбасади, кои согласно Виенската конвенција не се наменети за работи кои се надвор од капацитетите на дипломатската мисија.
И повторно, покрај сите брутални прекршувања на сите меѓународни норми и правила, зошто македонското МНР останува без адекватен одговор и реакција останува само да претпоставуваме, дека поголемата слика, притисоците и информациите кои надлежните ги имаат се можеби мерката која натежнува повеќе од она што се нарекува закон. Па колку тоа и да звучи нелегално.

А.Митовски

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This