April 16, 2024, 10:33 am

ПЕРЈАНИЦИТЕ НА ВЛАСТА РАЗОЧАРАНИ ОД ЗАКЛУЧОКОТ НА ЕУ: Не бил виновен Заев за резултатот, туку Европската Унија која не ни дала датум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема е разочараноста кај перјаниците на СДСМ после одлуката на министрите на ЕУ да не дадат согласност за почеток на преговори на Република Македонија оваа година. Убедени од лагите на Заев дека единствениот проблем за влез во ЕУ е името, сега тие виновникот го гледаат во ЕУ, наместо во неработата на Зоран Заев и СДСМ.

ЕУ вчера јасно ни порача дека нема отпочнување на преговори за влез без спроведување на реформите, функционална правна држава, деполитизирани администрација и судство, борба протрив корупција и многу работа. Поради тоа перата на СДСМ одбивањето на Македонија го сметаат за поставување на нови услови од Унијата.

Најверојатно тие се правеле дека не ги слушаат претставниците на ЕУ и земјите членки на ЕУ кога во нивните изјави редовно ни порачуваа покрај проблемот со името мора прво да се исполнат реформите, да се департизираат институциите и да се намали корупцијата. Очигледно единствено што слушале биле лагите на Заев.


Наместо да видат дека владата на СДСМ ги нема исполнето ниту итните реформски приоритети, дека Заев ги приватизираше институциите и го стави под контрола судството, а Македонија падна за 17 места на индексот за корупција, тие од лани ставија розови очила веруваа дека во државата се е најдобро и само името е проблем.

Време е да ги симнат розевите очила и наместо вината да ја бараат кај Европската Унија да ја согледаат неспособноста на владата СДСМ да ја среди државата на внатрешен план. Да видат дека Заев не е способен да ги спроведе реформите зададени од ЕУ ниту сака департизирани институции, а уште помалку да се откаже од корупцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This