ПЕСИМИСТИЧКИ ПОРАКИ ОД БРИСЕЛ: Димитров ,,моли” по Европа за датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на дипломатијата Никола Димитров уверен во европските перспективи на земјата, замина во Берлин каде ќе ги убедува германските партнери во македонските аргументи дека заслужуваме датум за преговори со ЕУ. Дводневната посета на Германија ја оцени како клучна за целиот процес.

– Следниве два дена, клучни средби за нашите европски перспективи! Имаме аргументи, и реформски и добрососедски. Нашиот успех, ќе биде успех и за регионот и за ЕУ. Убеден сум во тоа, а ќе ги убед(ув)ам и сите соговорници во Берлин, напиша Димитров на Фејбук.

Димитров се очекува да оствари средби со пратеници во германскиот Бундестаг, како и со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел. Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот и новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ, Анегрет Крамп-Каренбауер. На вториот од ден од посетата, на Димитров ќе му се приклучи и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, при што планиран е заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го презентираат напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Од ЕУ меѓутоа постојано пристигнуваат пораки дека датум за преговори во јуни нема да има. Пратеникот Антонио Милошоски кој е дел од собраниската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, од Стразбур порача дека нема да има одлука за преговори бидејќи Франција, Данска и Холандија сметат дека Македонија не е подготвена и дека нема доволно добра имплементација на законите, посебно во областа владеење на правото и реформите во администрацијата.

-Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, ceлективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години – порача Милошоски.

Дека сценариото за одложување е реално потврди уште пред неколку дена еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој рече дека Европската комисија би можела да даде препорака за Македонија и Албанија, но дека тие всушност треба да влезат во некаква подготвителната фаза на преговорите за членство во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This