Песков: САД останува на црната листа на Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека засега нема причина САД да бидат отстранети од руската листа на „непријателски“ земји.

„Не, засега нема такви причини“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Зборувајќи за преговорите за стратешка стабилност, за кои беа договорени претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, Песков рече дека засега не е познато кој ќе ја предводи руската делегација во тој процес.

На ова прашање зборуваше и помошникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека првиот состанок може да се организира во следните неколку недели.

Преговорите меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и eо Бајден поминаа приближно како што очекуваше руската страна, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Преговорите одеа приближно како што очекувавме, но сè ќе продолжи да зависи од продолжението“, рече Песков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This