ПЕТАРДА НЕДОСТАСУВА ЗА ДА БИДЕ „ГОЛЕМАТА“ НА КОСОВО: Вучиќ на прес конференција предупреди дека Србија е спремна да ги брани Србите во Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги замоли Албанците од Косово за последен пат да не убиваат Срби, бидејќи Србија ќе го заштити својот народ

vucic

„Утринава во 8.30 часот тргна возот за Косовска Митровица, воз, а не тенк“ – рече Вучиќ на прес конференцијата која се одржа попладнево во Владата на Србија.

Тој нагласи дека возот треба да ги спојува луѓето и градовите во склад со принципите на меѓународното јавно право и највисоките стандарди на ЕУ, а тоа е слободата на движење.

„Возот тргна на пат, а тогаш почнаа да се случуваат неверојатни работи. Вечерва дознаваме дека Албанци, нивните специјални сили се обиделе да ја минираат пругата. Не биле способни тоа да го направат како што треба но ги испратиле единиците составени од Албанци од местото Лужане, со долги цевки на Јариње каде требало да го дочекаат возот, да го уапсат машиновозачот, патниците и со тоа да постигнат како што првично мислевме, политичка победа, а потоа сфативме дека со тоа би довеле до големи судири“, вели Вучиќ.

Тој истакнува дека локалните Србија ја обиколиле единицата од Лужане, а Албанците потоа и покрај немањето на одобрение од НАТО, 17 блиндирани оклопни возила тип „Кобра“ со единици РОСА со желба да испровоцираат судир од пошироки размери во тој дел од територијата на Косово.

„Мојот предлог беше да го запреме возот во Рашка. Ја информирав Федерика Могерини за тоа што се случува, а вечерва ќе го информираме и раководството на Русија, утре и Кина, вечерва ќе се обидам да стапам и во контакт со Бајден и да го запознаам со воените игри кои Приштина ги припрема. Србија сака мир, но ова е моја последна молба и недвосмислено редупредување“, наведува Вучиќ.

Српскиот премиер порачува дека Србите треба да останат на своите огништа и ги замоли Албанците да не се обидуваат да го нападнат српскиот народ со оружје бидејќи Србија тие напади нема да ги дозволи.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This