Петгодишно дете направило повеќе од 4.000 склекови, па добило подарок нов „Мерцедес“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на 5-годишно дете му подарил потполно нов „Мерцедес“, откако направил 4.150 склекови.

Рахим Куриев (5), познат како „Чеченски Шварценегер“ наводно склековите ги правел два часа и 25 минути, а потоа својот успех му го посветил на Кадиров.

Погоден од овој гест, Кадиров го посетил момчето, за да му врачи „пригоден“ подарок на 5-годишното момче: клучеви од потполно нов „Mercedes Benz“.

„Овој автомобил е подарок од Ејман Кадирова (мајката на лидерот), претседателката на добротворна фондација „Ахмет Кадиров“ (името на таткото на лидерот), за да те вози татко ти во него, бидејќи заслужувате да се возите со бел мерцедес“, му рекол лидерот од Чеченија.

Воодушевеното момче му рекло дека ако е потребно може да направи 5.000 склекови, а потоа се качило на хаубата и ги покажало своите вештини.

Рахим оттогаш станал позната личност во Чеченија. Неговиот Инстаграм профил е исполнет со фотографии и видео записи, на кои крева тегови, ги покажува уб одите на раце и покажува колку е силен.

Додека сè уште не е познато дали поставил рекорд и додека се чека официјална потврда од Руската книга на рекорди, детето сигурно поставило светски рекорд како најмал сопственик на мерцедес од Ц класа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This