Петгодишно дете со албинизам станал модел за детска облека: Недоcтатокот претворен во уникатност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет годишниот Елајџа Енверем е момче со впечатлив изглед. Има светла кожа и бела коса. Имено, од раѓање има албини3ам што значи дека неговиот организам не може да го создава пигментот меланин.

Момчето не сфаќало поради што луѓето со голем интерес гледаат во него и поради што изгледа понаку, па мајка му Луси Дејв му направила Инстаграм профил каде објавувала фотографии со кои сакала да покаже колку е посебен. Сметала дека некоја компанија би можела да го ангажира како модел што на крај и се остварило.

Елајџа потпишал нов договор и учествувал во кампања на познат бренд, а токму тоа влијаело на неговата самодоверба.

„Сакав да сфати дека токму тоа што изгледа поинаку го прави посебен. Кога влезе во продавница и виде своја фотографија на ѕидот ја остваривме целта. Самодовербата толку му се зголеми што денес е среќен и задоволно комуницира со луѓето и повеќе не се крие“, раскажала мајката за порталот Metro.

Момчето стекнало многу нови пријатели, а наредниот викенд ќе се запознае со уште едно дете со албини3ам и заедно ќе учествуваат во една кампања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This