ПЕТИР:Измените на законот за употреба на јазиците е неуставен и спротивен на интересите на македонските граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската европратеничка и претседател на групата „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“, Маријана Петир, во настап пред своите колеги во Европарламентот, денеска се осврна на завчерашниот Совет за стабилизација и асоцијација на Европската унија и Република Македонија.

Притоа, како што јави дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ, Петир порача дека разумот ќе надвладее кај премиерот Зоран Заев и дека тој нема да попушти, како што таа рече под уцените и притисоците во врска со измените на законот за употреба на јазиците, бидејќи според неа, тој закон ќе биде неуставен и спротивен на интересите на македонските граѓани.

Говорејќи за новата Влада на Република Македонија, која европратеничката посочи дека беше формирана со постизборна коалиција меѓу социјал-демократите и партиите што го претставуваат албанското малцинство во земјата, Петир истакна дека таа Влада „се соочува со голем предизвик“.

– Со цел да добијат мандат за формирање Влада, социјал-демократите им ветија на своите коалициски партнери дека ќе извршат промена на Законот за јазиците со кој ќе се прошири службената употреба на албанскиот јазик во целата земја и албанските партии сега очекуваат истиот да се усвои до септември. Но, јас се надевам дека разумот ќе надвладее и дека премиерот Зоран Заев нема да попушти под уцените и притисоците во врска со измените на Законот за употреба на јазиците, бидјеќи тој Закон ќе биде неуставен и спротивен на интересите на македонските граѓани, рече Маријана Петир во нејзиниот настап пред Европскиот парламент.

Во однос на завчерашниот Совет на ЕУ и Македонија, таа ја цитираше заедничката изјава што ја испратија учесниците на Советот за стабилизација и асоцијација и посочи дека „вратите на ЕУ за Македонија, за жал, се уште се затворени“.

– Љубезната порака дека Советот „зема предвид дека отворањето на преговорите за пристапување е примарна цел на новата македонска Влада“, најблаго кажано е несоодветна, бидејќи тоа беше примарна цел на сите досегашните Влади на Република Македонија изминатата деценија, додаде Петир.

Хрватската европратеничка напомена дека отворањето на преговорите за членство и пристапување кон Европската унија е цел за која Република Македонија се одлучи уште во 2004 година, кога ја поднесе својата апликација за членство и според неа, тоа е целта кон која тежнееле сите досегашни македонски Влади, а за чие остварување, петир вели дека Европската унија не помага „и ЕУ може да се смета исто така за одговорна за пролонгираната политичка криза и нестабилност во земјата, која, пак, резултираше со забавување на реформскиот процес што Македонија внимателно го спроведуваше“.

– Македонија е одамна подготвена, не само за отворање на преговорите, туку и за членство во Европската унија, а несигурноста и нестабилноста со која македонскиот народ се соочи последните месеци не смее да се повтори, заклучи Маријана Петир.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This