Петковски контра Заев: Ма како Бугарите не биле оkyпатори, во сите светски архиви ќе најдете дека Германија и Бугарија ја okупираа Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тито Петковски, Претседателот на НСДП, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 на кое се зборуваше за актуелните преговори со Бугарија посочи дека тој не се согласува со премиерот, и негов коалиционен партнер, Заев со Бугарија и дека има поинакво мислење околу историските аспекти и фактот дали Бугарите биле окупатори, или, како шти изјавува Заев, администратори.

„Ма како не биле окупатори. Мислам не е само во македонската историја, читајте ги и во другите, ајде за Југославија да кажам. Читајте ги сите енциклопедии, архиви, земете ја америчката, германската архива земете ја. Секаде ќе најдете дека Германија и Бугарија ја окупираа Македонија“, посочува Петковски.

На прашањето на водителот Михајловски, дали е точно да се каже дека ја окупирале Македонија, со оглед на тоа дека Македонија тогаш била во рамките на кралска Југославија и се сметала за Вардарска бановина, Петковски одговори дека имало население на оваа територија, со јасна свест дека се Македонци, уште од времето на преродбениците.

„Епа Тито со кого водел разговори, со кого организирал отпори и партизански единици ако не биле Македонците, или сите граѓани што жувееле во Македонија, и Албанци…“, појаснува Петковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This