April 19, 2024, 12:45 pm

Петковски: Помислив дека Македонија ѝ објавила вojнa на Бугарија кога слушнав што направил Радев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицискиот партнер на Заев Тито Петковски смета дека нервозата во Бугарија е резултат на пописот во Македонија.

Кога прочитав дека бугарскиот претседател итно ги собрал шефовите на бугарските безбедносни структури „за навреме да преземат соодветни мерки за заштита на правата на Бугарите во Македонија”, прво што помислив е дека Македонија ѝ објавила војна на Бугарија, а јас за тоа не сум информиран. Откако прочитав дека причина за средбата било писмото што културното друштво „Ванчо Михајлов” го упатило до бугарскиот државен врв, ја сФатив причината за паничната реакција на бугарскиот претседател.

Македонија во април организира попис, а бугарскиот претседател сė уште не знае колку Македонци ќе се декларираат за Бугари. И тоа во услови кога бугарското културно друштво „Ванчо Михајлов” за секој новоосознаен Бугарин во Македонија нуди бугарски пасош по скратена постапка, се разбира, со помош на бугарскиот државен врв, пишува Петковски и прашува во што се крие стравот на Радев.

Замислете ја само ситуацијата на пописот во Македонија бројката на граѓаните што се определиле за Бугари да биде слична или незначително поголема од она на последниот попис, во услови кога бугарските власти јавно соопштуваат дека издале над 100.000 бугарски пасоши на македонски државјани. Сите тврдења на бугарскиот државен врв за бугарскиот карактер на Македонија ќе паднат во вода!

После оваа драмолетка од Софија, тешко ќе може да се одбрани тезата дека културното друштво „Ванчо Михајлов” не е наменска бугарска инсталација во Македонија пред пописот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This