ПЕТОК КЛУЧЕН ДЕН ЗА ИМЕТО: Димитров информира дека во петок ќе падне одлука за името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петок може да биде клучен за поместување на преговорите во процесот на решение на името. Оптимизмот од македонска и од грчка страна е засилен по посетата на Коѕијас на Скопје – информра Сител ТВ.

Шефот на маледонската дипломатија верува и во духот на Виена како дипломатски центар дека ќе биде помогне да се пронајдат допирни точки на средбата организирана од Метју Нимиц, на која ќе присуствуваат и работни групи од двете министерства.

Надеж дека е можно побргу да се најде заемно прифатливо решение има и кај грчката влада, иако коалциониот партнер на Ципрас, Каменос останува на цврсите позиции дека нема да дозволат користење на термиот Македонија во идното име на државата.

Македонскиот министер за надворешни, пак потенцира дека за целиот процес од искулучителна важност е да се има рационален пристап, и да се разлислува за важноста и на Македонија и на Грција.

Шефот на дипломатијата е уверен дека до јуни ќе се постигне неопходниот консензус во Брисел, вклучувајќи ја и Грција, за добивање датум за почеток на пристапните преговори, а веќе во следните шест месеци, за време на австриското претседателство со Европскаат Унија и почеток на тие преговори.

Македонија и Грција минатат недела разменија предлог спогодби за добрососедство, по што медијаторот Метју Нимиц за петок закаѓа нова рунда разговори меѓу Коѕијас и Димитров.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This