April 18, 2024, 11:50 pm

ПЕТРОВСКИ СО ФАКТИ ГО ДЕМАНТИРАШЕ ТРАЈАНОВ: Следење имало и во времето на неговото министерување со МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трајанов министерувал со МВР се уште имало активно следење на видни членови на ВМРО-ДПМНЕ.

filip-petrovski

Павле Трајанов пред два дена во изјава за „Мета“, очигледно засегнат од кажаното на промоцијата на едицијата „Црните страници на УДБА“ , издадена од страна на ДАРМ, во кое меѓу другото беше потенцирано дека имало следење на луѓе, конкретно членови на ВМРО-ДПМНЕ и времето кога тој бил министер во МВР.

-Тоа се халуцинации на лицето што го спомнавте. Кога јас станав министер за внатрешни работи, веднаш издадов наредба да прекинат сите вакви активности и следење лица од политички или идеолошки причини. Во тоа време, 99 осто на раководни позиции на службите во МВР беа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Што се случувало по 2000 година не знам. Инаку, да имаше нешто такво, веднаш ќе ме лустрираа, изјави Трајанов.

sledenja

Директорот на ДАРМ, Филип Петровски, во своето вчерашно гостување во емисијата на Јанко Илкоски, „Јади Бурек“ , во која ја промовираше едицијата, со факти го демантираше Трајанов.

-Денеска беше негирано од страна на Павле Трајанов дека имало следење на ВМРО-ДПМНЕ во време кога тој бил министер, а беше министер во Влада на ВМРО-ДПМНЕ, еве ја и од тука да му кажам, дека во Томот број 8 постојат документи за дерегистрација во негово време кога тој бил министер, што значи или незнаел или знаел, а се прави дека незнаел или не ја говори вистината или бил игнорант, ако бил игнорант тогаш не бил соодветен, рече Петровски.

Дополнително Петровски презентираше досиеја кои биле водени за луѓе-видни активисти на ВМРО-ДПМНЕ во текот на 2000-та година , токму во времето кога Павле Трајанов бил министер во МВР.

„Еве кога е дерегистриран господинот Стеван Билјаноски кој што е виден функционер на ВМРО во тоа време во 2001 година. Дерегистрирање значи дека го затвораат досијето, дека до тој ден се води досије за тој човек. Но датумот е битен кога е дерегистриран. Имаме редица, плејада на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кој што се водени во време на минестерување на господинот Трајанов“.,

,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This