April 25, 2024, 11:30 am

ПЕТРОВ: По промената на името следува квантен скок, кон иновативности и нови технологии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преспанскиот договор е реалност, гаранција за иднината, а тие што не го прифаќаат ја загрозуваат иднината на земјата, нашата иднина, иднината на нашите деца, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров, на денешното гостување во емисијата „Само вистина“, пренесува Центарот за комуникации на пapтијата.

Тој додаде дека Преспанскиот договор е најтешката политичка одлука од осамостојувањето и треба време да се апсорбира, но со него, сега нашата иднина е сигурна, сега работите зависат само од нас, сега е време да се прочисти судството и да се спроведат сите реформи.

Преспанскиот договор е храбар чекор, по кој ќе следува тој квантен скок, кон иновативности и нови технологии, бидејќи ние имаме 10 годишна визија за тоа како ќе изгледа земјата и по што ќе биде позната, нагласи Петров.

СДСМ е отворена партија, која својата изборна програма ја гради заедно со граѓаните на трибините, чии идеи и предлози се вклучуваат и имплементираат, рече Петров, додавајќи дека ова е прв пат идеи на граѓаните да се тестираат и да се стават во програмата.

Тој истакна дека сите сакаме работите да се сменат на подобро, но малкумина имаат храброст да се вклучат во политиката, што, според Петров е резултат на 11 годишниот peжим во земјата, кога граѓаните ја изгубија довербата во политичарите.

Ако сакаш нешто навистина да се промени, треба да влезеш во системот и лично да придонесеш за позитивни промени, рече Петров, образложувајќи ја својата одлука од позиција на успешен бизнисмен и најпродаван македонски писател да влезе во политиката.

Претстојните избopи се многу важни, бидејќи на нив се избира во каква земја сакаме да живееме. Очекувам по победата на избopите, да продолжиме да ја спроведуваме 10 годишната визија за нашата држава, истакна потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This