ПЕТ БИЛКИ КОИ ГО ЗАБРЗУВААТ РАСТОТ НА КОСАТА: Тоа може да го направите по природен пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако и вие имате проблем со бавно растење на косата кое сакате да го забрзате, тоа може да го направите по природен пат.

Овие 5 билки ќе ви помогнат во целта:
1. Алое вера
Ако ја нанесувате на косата во облик на маска, го намалува чувството на чешање и иритација, а помага за зацврстување на коренот и влакното. Исто така, може да ја консумирате во облик на природен сок.
2. Рузмарин
Рузмаринот може да го истолчите, да го помешате со маслиново масло и да го нанесете на коренот со нежна масажа. Исто така, може да ја плакнете косата со чај од рузмарин.
3. Гинко билоба
Се работи за билка која е најздрава ако се консумира во правилни дози, па го зајакнува имунитетот и здравјето однатре.
4. Жалфија
Жалфијата е најдобро да ја сварите како чај, па да ја користите да измивање на косата, како и за нејзино природно осветлување, за да не ја горите со хемикалии.
5. Коприва
Добро позната кај забрзување на растот на косата, чајот од коприви исто така може да го користите за плакнење после стандардното миење со шампон. Исто така, може да капнете неколку капки масло од коприва во шампонот за подобри резултати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This