ПЕТ КОРИСНИ СОВЕТИ: Facebook Messenger има бројни скриени работи кои би можеле да ви ги олеснат вашите секојдневни активности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Facebook Messenger, апликацијата која, понекогаш, сакаме да ја мpaзимe, има бројни скриени работи кои би можеле да ви ги олеснат вашите секојдневни активности. Во оваа прилика, разгледуваме пет од нив.

1. Префрлете се на мрачниот режим

Dark Mode започнува да преовладува низ огромен број апликации, а Facebook Messenger никако не сака да биде исклучок. Најдете го преку вашата страна (Me), така што ќе ја допрете вашата фотографија. Во случај да имате OLED екран, мрачниот режим би требало значително помалку да ја „цицa“ вашата батерија. Независно од екранот, меѓутоа, бел текст врз црн екран обично значи помало oптoвaрувaњe на oчитe.

2. Играјте скриени игри во Facebook Messenger

Скриените игри обично се едноставни, но воопшто не трошат многу ресурси и, во ситуации на огромна здодевност, би можеле да понудат скромни можности за забава и социјализација. За да ги откриете, допрете го More во чет прозорецот, или Discover, па потоа на Games. За да ја отклучите целата листа со игри, потребно е првин вие да одиграте една.

3. Создајте интерактивен потсетник

Сите имаме пријатели кои често забораваат. За да не се повтори таквото нешто можете да создадете еден вид интерактивен потсетник, така што ќе допрете More, па на Reminders. Штом го пополните и испратите потсетникот, автоматски ќе се создаде картичка со покана, заедно со копчиња за тоа дали примателот ќе може да дојде, или не. Ваквото нешто можете да го испратите на едно или повеќе лица, односно во група.

4. Како да направите дека не сте прочитале некоја порака?

Некој ќе ви испрати порака преку Facebook Messenger, ќе ја прочитате, но сакате да направите дека не сте ја прочитале. Ваквото нешто има неколку пpeднocти. Текстот од пораката повторно станува со здебелени букви и, на некој начин, се истакнува и ве потсетува дека на таа порака не сте одговориле. Втората предност, па, сметаме дека можете да претпоставите која би била таа. 🙂 За да наместите некоја претходно прочитана порака како непрочитана, потребно е да повлечете со прстот на лево и да изберете Mark as unread. Од истово ова мени, можете и да ги блокирате или да ги ставите на нечујно сите идни пораки (како и да ја избришете истата).

5. Поставете анкета до вашите пријатели

Копчето More, како што видовме и погоре, крие многу интересни работи. Една од нив е и можноста за правење анкети и испраќање на истите до пријателите кои се во одредена група. Каде за нова година? Да го викнеме ли и Перо? Пиво или ракија? Преку More, изберете Polls и вметнете ги прашањата кои бараат апсолутна дипломатија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This