March 29, 2024, 12:53 am

ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА „МОЈ ТЕРМИН“: Системот кој СДС го нарекуваше „бренд на смртноста и катастрофата во здравството“ сега е супер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство денеска распиша тендер за надградба и одржување на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“.

А само пред помалку од една година, СДСМ жестоко го критикуваше овој проект на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, обвинувајќи го раководството на ВМРО ДПМНЕ дека се виновни за неквалитетните услуги во здравството.

СДСМ тогаш преку соопштенија го критикуваа ВМРО ДПМНЕ и минстерот за здравство, Никола Тодоров дека се заинтересирани само за тендери, а не и за заштита на здравјето на граѓаните.

Сега, откако се на власт, СДСМ не само што не го укина проектот “Мој термин”, туку и распиша тендер вреден 5 милиони денари, за наводно негова надградба.

СДСМ колку и да го критикуваа и негираа проектот “Мој термин”, не се во можност да го укинат, затоа што оваа услуга ја користат околу 15.000 корисници и над 4.000 здравствени установи. Сакале или не, тие мораат да го продолжат овој проект во здравството бидејќи се покажа квалитетен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This