Пет намирници кои никогаш не треба да ги замрзнувате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога имаме многу обврски, најлесно ни е претходно да подготвиме повеќе храна која ќе ја ставиме во замрзнувач за да имаме што да јадеме кога ќе немаме време да подготвиме оброк. Но, треба да знаете дека некои намирници никогаш не треба да ги чувате во замрзнувач.

Додека некоја храна ги менува вкусот и мирисот по замрзнувањето, друга може лошо да влијае по здравјето доколку е одмрзната, па повторно замрзната.

Кои намирници никогаш не треба да ги замрзнувате?

Млеко

Млекото во фрижидер ќе замрзне, а во текот на одмрзнување ќе се раздели на парчиња и ќе почне да тече од дното, па нема да можете да го користите.

Сепак, не треба да го пиете, но може да го користите за готвење.

Компири

Компирот има голем процент на вода, па ако го чувате во замрзнувач ќе стане мек и кашест. Свежите компири никогаш не треба да ги чувате во замрзнувач. Може да замрзнете само печени компири.

Јајца

Никогаш не треба да чувате јајца во замрзнувач бидејќи може да се развијат многу бактерии.

Сирење

Сирењето е исто на листата на намирници кои никогаш не треба да ги замрзнувате. Откако ќе го извадите од замрзнувач ќе забележите водени грутки и вкусот ќе биде чуден.

Некои видови овошје и зеленчук

Кој било вид на овошје и зеленчук што содржи висок процент на вода(целер, краставица, марула, лубеница, диња итн.) не треба да ги чувате во замрзнувач бидејќи во нив ќе се формираат ледени кристали. Откако ќе ги извадите oд замрзнувач ќе бидат кашести и нема да може да ги јадете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This